Мрачните тајни позади Нобеловата награда

10 декември секоја година очите на светот се вперени во Стокхолм и Шведска каде што на тој ден се доделува Нобелова награда. 

На 10 декември секоја година очите на светот се вперени во Стокхолм и Шведска каде што на тој ден се доделува Нобелова награда. Навечер се одржува Син бал во Градското собрание која таа тука се нарекува Фешта на фештите.

Но, позади блескавите фасади, раскош и градска елеганција се кријат силувања, смртни медицински експерименти над пациенти кои имале улога на експериментални глувци.

Еве неколку скандали ја тресат инстутуцијата, Шведската академија и Нобеловата награда.

Силување

Најтежок удар по репутацијата на Шведската Академија и зададе весникот Dagens Nyheter кои откриле кога еден од најјаките култни профили, инаку оженет со членка на академијата, поетесата Катерина Фростесон е пријавен во полиција за силување, а 18 жени го теретат за насилство. Тоа се се случувало во неколку станови сопственост на Академијата, тврдат жртвите.

Жртвите се членови на академијата, ќерки на членови на Академијата како и службеници во Академијата.

Бивш секретар на Академијата Хораце Енгдах се залагал за осомничениот насилник да му се даде доживотна уметничка плата.

Личноста со културниот профил води една асоцијација која добила милионска надокнада од Академијата. Културниот профил исто така е добитник на една од најзначајните шведски одликувања кои му ги доделил кралот.

Шведската Академија која доделува Нобелова награда за книжевност повела истрага и ја повлекла поканата за вечерниот Син Бал во Градското собрание.

Непотизам

Шведската Академија е богата институција која во сопственост има доста згради во центар на Стокхолм. Многу од становите доделени се не само на членови на Академија туку и нивни роднини и деца, што предизвикува гнев во јавноста.

Ужасна смрт во Нобелова болница

Три пациенти умреле во сеучилишна болница Каролински институт кои кој доделува Нобелова награда за медицина откако над нив извршен медицински експеримент без научна основа. Професорот Поло Макиарини, кој е именуван за главен доктор вградил пластични душници на три пациенти.Тие операции се извршени, а научно не е докажано дека методот функционира. Пациентите умреле во тешки маки.

Трите пациенти умреле во истата болница на која и се доделува Нобелова награда за медицина откако над пациентите е извршен медицински експеримент без научна основа.

Државниот адвокат го ослободил италијанскиот хирург од обвиненија за смртта на трите лица, што многумина ги изненадило.

Макиарани сепак добил отказ, а поради него паднале и оние кои го подржувале: ректорот на медицинското сеучилиште, деканот за истражување како и членови на совет за истражување. Отказ добил и секретарот во Нобеловиот одбор кој доделува награда за медицина Урбан Лендал.

- Сметам дека направив неколку лоши проценки и за да го заштитам угледот на Нобл одлучив да се повлечам од советот на Нобл, изјавил за весникот Dagens Medicin.

Повеќе шведски доктори поради сето тоа што се случило, побарале најмалку две години да се запре доделување на Нобелови награди за медицина.

- На тој начин би ја признале грешката, и би им се дала почит на пациентите кои со своите животи платиле промашувања – напишал меѓу другото професор по хирургија Бо Ризберг.

Чудни добитници

Освен тоа неколкумина добитниците предизвикале чудење, а критичарите сметале дека тоа е лоша репутација на Нобелова награда. Како пример за промашени доделувања се наведува наградата за книжевност на Боб Дилан, за мир на Аунг Сан Су Кју која оваа година дефинитивно падна од пиедесталот бидејќи не го сопре етничкото чистење и убиствата во Бурма
Да потсетиме дека и Барак Обама ја доби Нобеловата награда во првата година на својот претседателски мандат во кој ниту еден Америка немала мир.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари