Сиријци бараат бегалски статус и во Африка

Дел од Сиријците кои бегаат од воениот конфликт во татковината побарале засолништа во Африка, јавија американски медиуми.

Меѓу африканските држави каде Сиријци бараат засолниште се Гана, Јужна Африка и околу 300 се во релативно мирниот сомалски регион република Сомалиленд.

Во Гана Сиријците добиле статус – бегалци и таму има 130 луѓе, но се разгледуваат и други молби. Нема точна статистика за вкупниот број на Сиријците во Гана.

Според локален директор на организација за помош на бегалци, владата се уште не дала помош со храна и сместување, „но се помага каде што може".

Поврзани

Најнови вести

Коментари