Синот на Доналд Трамп објави негови приватни пораки коишто ги разменувал со Викиликс

Најстариот син на американскиот преседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Џуниор објави приватни пораки коишто ги разменувал со Викиликс за време и по завршувањето на претседателските избори што се одржаа минатата година во САД.

Трамп Џуниор ги објави пораките откако вчера весникот „Атлантик“ напиша дека тој разменувал пораки со Викиликс и тоа во периодот кога веб-страницата објави дел од украдените електронски писма на демократската кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон.

Во објавените дописи Викиликс му се заблагодарува на синот на Трамп за позитивните коментари на неговиот татко за веб-страницата. Од Викиликс побарале од Трамп Џуниор да им ги достави даночните пријави на неговиот татко.

Допишувањата почнале лани во септември и траеле до јули годинава.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари