Венецуелската опозиција се спротивстави:

Симболичен референдум за планот на Мадуро за измени на Уставот

Венецуелата опозиција организира денеска референдум со симболичен карактер за предлогот на претседателот Николас Мадуро за промени на Уставот

Венецуелата опозиција организира денеска референдум со симболичен карактер за предлогот на претседателот Николас Мадуро за промени на Уставот.

Референдумот е организиран од античавистите од коалицијата „Тркалезна маса за демократско единство", како акт на граѓанска непослушност против шефот на државата.

Целта на референдумот, кој властите не го признаваат е да се посочи отфрлувањето од страна на Венецуелците на Уставното собрание, кое има задача да го промени Уставот, појасни опозицијата.

Речиси 70 отсто од населението е против уставните измени, а 80 отсто од Венецуелците се незадоволни од владеењето на Мадуро, покажуваат податоците на компанијата за социолошки истражувања „Датаналисис".

Високата излезност на рефередумот, проследена со евентуалното слабо учество на изборите на 30 јули, кога ќе се определат 545 членови на Уставното собрание негативно ќе се одрази на таа институција, смета аналитичарот Бенимо Аларкон.

Владата ќе биде ставена во мошне сложена ситуација, за да продолжи со изборите на Уставното собрание кон крајот на јули и во тој случај ќе и биде доста тешко да ги спроведе одлуките во такви услови, додаде тој.

На парламентарните избори кон крајот на 2015 година античавистите имаа предност од 2,1 милион гласови над претседателскиот табор. Станувајќи мнозинство во Парламентот тие ставија крај на чавистичката хегемонија, која траеше 17 години.

Поврзани

Најнови вести

Коментари