Што се крие зад мистеријата - Бермудски триаголник?

Раб на изгубен свет, Триаголник на смртта, Гробишта на Атлантикот, Зона на самракот, Ѓаволски триаголник, Бермудски триаголник, тоа се имиња на имагинарното подрачје на Атлантикот, за кое се поврзуваат мистериозни приказни за неразјаснети исчезнување на бродови, луѓе, авиони, необични светла, водени вртлози и слични појави.

Се работи за подрачје на Атлантикот на кое Сан Хуан во Порторико на Карибите, Форт Ледердал на Мајами (САД) , како и Бермудските острови го прават ѓаволскиот триаголник. Зависно од изворите, во Бермудкиот триаголник од времето на Кристофер Колумбо до денес се случиле 200 до 1000 несреќи. Хауард Росенберг, писател заинтригиран од тајните на Бермудкиот триаголник, во своите истражувања собрал податоци за 8000 повици за помош на американската Крајбрежна стража само во текот на 1973 година, како и податок дека во овој век ѓаволскиот триаголник без трага однел над 50 бродови и авиони.

Бизарните настани забележани на ова подрачје датираат уште од времето кога Колумбо допливал крај бреговите на средна Америка. И самиот Колумбо бил сведок на необични настани во Бермудкиот триаголник: на првото пловење на неговите бродови Нина, Пинта и Санта Мариа во 1492 година, компасот полудел, а Колумбо и екипажот виделе чудни светла на небото, за што постојат записи во бродскиот дневник. На таинствените трагедии во Бермудкиот триаголник било припишано и откритието на бродот Меи Селесте. Во 1872 година бродот исчезнал, па бил најден напуштен на морската површина, околу 400 милји надвор од курсот Њујорк-Геноа, на кој пловел пред да исчезне. Немало траги на живот на 10 членови на екипажот.

Лет 19

Најпознатиот настан поврзан за Бермудкиот триаголник од кој всушност и започнува модерната легенда е исчезнувањето на Летот 19. Се случило на 5 декември во 1945 година, кога пет морнарички бомбардери мистериозно исчезнале на рутинска задача, а исчезнал и авион упатен да ги бара. Вкупно, без трага исчезнале 27 луѓе.

Како Бермудкиот триаголник, ова подрачје го крстил Винсент Гадис во написот Смртоносен Бермудкиот триаголник, што во 1964 година го објавил во весникот Аргоси. Интересот за феноменот на тоа подрачје од кое без трага се исчезнува е во вистинска еуфорија, меѓутоа, прераснало кога Чарлс Берлитз во 1974 година го објавил бестселерот Бермудскиот триаголник. За зголемувањето на еуфоријата придонеле и мас медиумите.

И денес Бермудкиот триаголник интригира со своите тајни, но скептиците се се погласни: нивната теорија е дека е вистинска мистерија, како што Бермудкиот триаголник станал мистерија. Таинственото и нејасното на луѓето од секогаш било привлечно и интересно, а покрај таинственоста, чудото и мистеријата никако не одат рационални објаснувања. Но, токму такви се објаснувањата кои во случајот со Бермудкиот триаголник го даваат скептиците. Што се однесува до Колумбо, според податоците од неговиот бруходски дневник, полудениот компас тој го објаснил со отстапувањето меѓу географскиот и магнетскиот северен пол. Светлата што ги опишал како големи огнени факели, веројатно биле метеори.

Светско проклетство?

Пронаоѓањето на бродот Мери Селесте без екипаж исто така се објаснува: на бродот не е најден ниту еден појас за спасување, што наведува на помислата дека морепловците го напуштиле бродот за време на бурата, мислејќи дека Мери Селесте нема да издржи. Но, она што најмногу оддалечува од мистеријата е фактот дека овој брод е најден далеку од Бермудскиот триаголник, дури во близина на бреговите на Португалија. Имено, различните извори различно ја одредуваат големината на Бермудкиот триаголник: таа варира од 500.000 квадратни милји до три пати поголемо подрачје. Имагинацијата на некои автори во Триаголникот ги вклучуваат Азурите и Мексиканскиот Залив. Припишувани им се несреќи кои се случувале покрај брегот на Ирска, на Пацификот и Индискиот океан. Според тоа Бермудкиот триаголник може да се нарече не бермудски, туку светско морско проклетство, предупредуваат истражувачите.

Тие кои тврдат дека фактите не ја допираат легендата, дале објаснување и за настани поврзани со Летот 19: екипажот на сите пет авиони биле неискусни приправници, со исклучок на водачот на патролата поручникот Чарлс Тејлор кој тој ден не сакал да лета, па мисијата сакал да ја препушти на друг. Иако многу брзо утврдил дека компасјот не му функционира, летот продолжил на слепо, сметајќи само на навигацијата според земските ориентири. Но, надошла бура, а Тејлор дезориентиран, наспроти предупредувањата на приправниците дека западот е на другата страна и не префрлувајќи ја врската на почиста радио фреквенција, екипажот го однел во погрешен правец, далеку на Атлантикот.

Притоа им се потрошило горивото. Поради тоа противниците на теориите за чуда во Бермудкиот триаголник зборувале дека единствена мистериозна сила тука била силата на гравитацијата која делувала на авиони без гориво. Вистина е дека не се нашла ни најмала трага на ниту еден авион, но ако поручникот навистина ги однел далеку на Атлантикот, веројатно паднале на подрачје каде океанот нагло понира. Имено, внатре во Бермудкиот триаголник лежи речиси 9.000 метри длабок Порторикански ров, најдлабоката точка на Атлантикот, а авионите и бродовите кои таму тонат ретко можат повторно да се видат.

Запрени часовници

Што се однесува до мартин маринера, авионот упатен во потрага, за кој многумина мислат дека исчезнал во Бермудкиот триаголник, вистина е дека не се вратил. Експлодирал набрзо по полетувањето, што не било необично бидејќи маринерите биле познати по неисправните танкови за гориво. Од друга страна пак, има многу настани кои се случиле на Бермудкиот триаголник, за кои навистина е тешко да се најде некакво разумно објаснување.

Меѓу другите, во тоа спаѓа случајот на патничкиот лет на Национал Ерлајнс 727 кој на 10 минути исчезнал од радарските екрани на мијамискиот меѓународен аеродром. По слетувањето, екипажот негирал дека нешто чудно се случувало, освен што 10 минути летале низ лесна магла. Меѓутоа, сите часови во авионот доцнеле 10 минути, иако ги провериле од аеродромот непосредно пред чудните десет минути кога поминале низ маглата.

Уште неколку пилоти имале слични искуства со промени на времето по поминувањето низ ненадејни магли, што секако настануваат објаснувања кои не се рационални, но можеби подобро ја објаснуваат мистеријата на Бермудкиот триаголник дури и ако се спротивни на природните закони на физиката. Таквото објаснување на пример она за аберантните енергетски полиња кои креираат временски дупки. Уште еден случај кој ја поткрепува оваа теорија е случајот со несреќниот пилот по име Каролин Касико и нејзините патници. Каролин, пилот со лиценца, полетала на чартер лет од островот Турк во Бермудкиот триаголник. Кога се приближила на островот, персоналот на земјата го виделе авионот како бесцелно кружи. Радиооператорот на аеродромот не добивал одговори на обидот за радио контакт, но слушнал зборови кои таа ги разменила со патник: Не разбирам! Ова треба да биде Гранд Турк, но доле нема ништо. Местото на мапата е точно, обликот е тој, но овој остров изгледа ненаселен, нема згради, нема патишта, нема ништо! По неколку круга, се свртела и одлетала. Каролин и нејзиниот патник повеќе никогаш не биле видени. Лошо време? Временска дупка? Киднапери вонземјани? Многу теории се обидуваат да ги објаснат настаните од Бермудкиот триаголник.

Што е вистина?

Вонземјани, делување на кристалите од Атлантида, зли луѓе со антигравитациски уреди и други чудни технологии, вртлози од четвртата димензија, тоа се теории омилени меѓу писателите на фантастиката. Меѓу технолошки ориентираните, омилени се теориите за магнетските полиња и океанските флатуленции, т.е. метански гас од дното на океанот. Меѓу скептиците играат теории за времето (бури со грмотевици, урагани, цунами, земјотреси), лоша среќа, пирати, експлозии на товарот, неспособност на навигаторите, како и други природни и човечки причини. Бројот на бродоломите, велат тие кои сакаат реалистични објаснувања, на ова подрачје не е невообичаен кога ќе се спореди со големината на подрачјето, позицијата и густината на сообраќајот. Освен тоа, многу бродови и авиони кои се водат како мистериозно исчезнати во Бермудскиот триаголник, воопшто не биле во ова подрачје.

Најпознати несреќи во Бермудскиот триаголник

Бермудскиот триаголник од 1945 година голтнал неколку стотици авиони и бродови и над 1000 луѓе. Од најпознатото исчезнување на летот 19 во 1945 година, несреќи кои предизвикале најголем интерес во јавноста се:

1918 - Бродот USS Киклопс исчезнал заедно со 300 луѓе на патот од Барбадос во Балтимор.
1941 - Бродовите Протеус и Нереус исчезнале на одвоени патувања од Девствените острови во САД.
1947 - Воениот Ц-45 супертврдина, исчезнал 100 милји од Бермуди.
1948 - Тудор 4 со 4 мотори се изгубил со 31 жртва.
1948 - ДЦ-3 е изгубен со 32 патници и екипажот.
1949 - Исчезнал и втор Тудор 4.
1950 - Изгубен е големиот глобмастер на американските воени сили.
1950 - Американскиот товарен брод СС Сандра долг 350 стапки, потонал без трага.
1952 - Британскиот транспортен авион Јорк бил изгубен со 33 лица.
1954 - Локид констелејшен на американската морнарица исчезнал со 42 лица.
1956 - Хидроавионот Мартин П5М на американската морнарица исчезнал со 10 членови на екипажот.
1962 - Изгубен е КБ-50 танкер авион на американските воздушни сили.
1963 - Марине Силфур Квин, американски товарен брод долг 425 стапки, исчезнал со целиот екипаж. Никогаш не пратиле СОС ниту некогаш биле најдени остатоци од бродот.
1963 - Два големи стратотанкери на американските воздушни сили исчезнуваат на едноставна вежба.
1963 - Исчезнува карго мастер Ц-132
1967 - Изгубен е воениот УЦ-122 претворен во товарен авион.
1970 - Исчезнал француски товарен авион Милтон Латридес.
1972 - Германски товарен авион Анита, 20.000 тони, исчезнал со 32 членови на екипажот.

Последното исчезнување

Во август 1997 година на подрачјето на Бермудкиот триаголник британска фрегата нашла напуштена јахта. Како што се покажало, јахтата припаѓала на Ралф Шилинг и неговата сопруга, германски сопружници чие исчезнување било пријавено 10 месеци порано. Членови на британската фрегата забележале чуден изглед на јахта: била без едра, конопите виселе, а внатре била најдена облека, полни пепелници и отворена книга која изгледала како некој да ја оставил само на момент.

Технологијата на Тесла?

Секако дека има многу места на светот со опасни струи и проблеми со одредувањето на насоката, но зошто токму Бермудкиот триаголник е место каде се случувале толку многу несреќи? Рационалните објаснувања кои ги даваат скептиците не се доволни на сите. Еве некои експликации. Вонземјаните се една од можните причини на многубројните исчезнувања во Бермудскиот триаголник. Антигравитациската технологија или други енергии од други светови можеле да бидат испратени или од НЛО, во што веруваат многу репортери кои известуваат за настани во триаголникот. Исто така, Бермудскиот триаголник можеби крие подморска земска база на вонземјани кои сакаат да ја задржат својата приватност и да испраќаат енергија која пречи на премногу приближените бродови или авиони.

Други веруваат дека феноменот Бермудскиот триаголник е предизвикан од изгубениот град Атлантида, кој потонал 1000 стапки под водената површина. Напредноста на Атлантида во времето кога потонала почивала на моќта на енергетски кристали. Можно е овие кристали сеуште да се на дното на океанот во некоја променета состојба, испраќајќи зраци на енергија која или ги збунува инструментите на бродовите, или ги дезинтегрира.

На крај, многу луѓе веруваат дека Бермудскиот триаголник е енергетско поле кое го произвело човекот врз основ на технологијата на Никола Тесла. ВЛФ резонантните испраќачи (технологија за која многумина веруваат дека ја користи северноамериканската команда на воздушната одбрана НОРАД) би имале антипод директно во средината на Бермудскиот триаголник. Овој хипотетички состав би бил способен повторно да ги наполни тајните класи на подморниците на електричен погон за чие постоење се шпекулира и дефинитвно би овозможиле интерференции (преклопување на брановите) да ги изобличат сигналите кои бродовите и авионите навистина ги испраќаат.

И Јапонија има ѓаволски триаголник

Американската комисија за природа, не го препознава Бермудкиот триаголник како официјално име ниту води службено досие за тоа подрачје. Што за чудата на Бермудскиот триаголник велат Американската крајбрежна стража и Историскиот морнарски центар на САД? Бермудскиот триаголник или ѓаволски триаголник е замислено подрачје лоцирано покрај југоисточниот брег на САД, за кое се поврзуваат многубројни необјаснети исчезнувања на бродови, чамци и авиони. Безбројни теории се нудени во историјата на ова подрачје во обид да се објаснат многубројните исчезнувања.

Најпрактични се тие кои се однесуваат на временските прилики и човечки грешки. Повеќето исчезнувања можат да се припишат на единствената природна околина на ова подрачје: прво, ѓаволскиот триаголник е едно од две места на Земјата каде магнетскиот компас го покажува вистинскиот север.

Нормално, тој покажува кон магнетскиот север. Оваа разлика е позната како варијација на компасот. Размерите на оваа варијација се менуваат се до 20 степени. Ако тоа не се земе предвид, навигаторот може да се најде многу далеку надвор од курсот и во голема неволја. Подрачјето кое јапонските и филипинските морнари го нарекуваат ѓаволско море, сместено е покрај источниот брег на Јапонија и покажува исти магнетски карактеристики. Тоа исто така е познато по мистериозни исчезнувања. Уште еден фактор од околината е крајно променливата и турбулентна Голфска струја која може брзо да отстрани секаква трага од несреќа.

Непредвидливиот карипско-атлантски метеоролошки образец исто така има своја улога: ненадејни локални бури со грмотевици и прекршувања на облаците, често предизвикуваат несреќи за пилотите и морнарите. Конечно, топографијата на океанското дно варира од широки плитки места до некои од најдлабоките морски бразди на светот. Со меѓусебното делување на силни струи над многу гребени, топографијата е во состојба на постојани промени, постојано се појавуваат нови навигациски ризици. Она што не може да се предвиди е човечкиот фактор. Голем број на јахти и туристички бродови патуваат по водите меѓу Флорида и Бахами. Пречесто овој регион е место за премали бродови со премало познавање на ризиците од регионот и без добри морепловци. Крајбрежната стража не е импресионираше со натприродни објаснувања за несреќите на морето. Нивните искуства зборуваат дека силата на природата и непредвидливоста на човекот, здружени секоја година произведуваат најфантастични ситуации и настани. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари