Шок на рендген на Железничка - Обезбедувањето се запрепасило кога го виделе ова

Обезбедувањето на железничката станица во Кина доживеа чуден инцидент.

Имено, еден патничка, која сакаше да и биде торбата пред очи, заедно со неа влегла во рендгенската машина.

Обезбедувањето на станицата што го проверува багажот преку рендгенските снимки биле шокирани кога забележале женска силуета на мониторот.

Жената се качила со чевлите на подвижна лента и се потпрела на колена над торбата и на тој начин поминала под Х-зраците.

Како што објаснила, таа се плашела дека некој ќе и ја украде торбата ако таа не стои до неа.

Кога ја поминала рендгенската машина, жената веднаш ја земала ташната да ја провери. 

Инцидентот се случи на 11-ти февруари во моментот кога милиони кинези се враќаат дома поради претстојната лунарната нова година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари