Закана

Северна Кореја има плутониум за 10 нуклеарни бомби

Министерството за одбрана во Сеул соопшти дека се претпоставува оти Пјонгјанг има околу 50 килограми плутониум, што е доволно за производство на 10 нуклеарни бомби. Тоа е за десет килограми повеќе во споредба од пред осум години

Северна Кореја моментно располага со доволно количество плутониум за да направи 10 нуклеарни бомби, тврдат јужнокорејските власти, една недела откако севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун најави дека е блиску денот за тестирање интерконтинентална балистичка ракета.

Министерството за одбрана во Сеул соопшти дека се претпоставува оти Пјонгјанг има околу 50 килограми плутониум, што е доволно за производство на 10 нуклеарни бомби. Тоа е за десет килограми повеќе во споредба од пред осум години.

Северна Кореја соопшти дека може да изврши пробно лансирање на интерконтинентална ракета во било кој момент и од било која локација, која ќе ја одреди лидерот Ким Јонг-ун.

Поврзани

Најнови вести

Коментари