Се урна мост во Колумбија, 9 загинати

Девет работници загинаа, а еден е тешко повреден откако се урна мост кој тие го граделе кај главниот град Богота, соопштија колумбиските власти. Претставници на цивилната одбрана навеле дека несреќата се случила вчера и дека мостот е граден 95 километри од Богота.

Работниците загинале на лице место, а десетиот се бори за живот во болница.

Се уште не е утврдено колку работници се наоѓале на мостот кога се случила несреќата и дали некој исчезнал, пренесе АП.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари