Самит на ЕУ: Лидерите согласни да продолжат санкциите против Русија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, откри дека на самитот, земјите на ЕУ се согласиле да продолжат со економските санкции против Русија.

„Европската унија се согласи да продолжи со економските санкции против Русија“, објави полскиот политичар на социјалната мрежа „Твитер“.

 

Санкциите требаше да прекинат во јануари, меѓутоа со денешната одлука тие ќе бидат продолжени за уште шест месеци. Причина за економските ограничувања беа руските акции на Крим, дефинирани од меѓународната заедница како анексија на полуостровот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари