Туѓината пуста да остане

Сакате работа и живот во Германија? Ова е математиката

Што друго би не интересирало ако посакуваме или планираме живот во Германија освен: колкави се платите но, и колкави се трошоците за да знаеме што реално се добива и дали нешто останува. Многумина од нас познаваат некого кој живее или работи во Германија, информациите се наводно од прва рака но, прашање е колку тие информации се лични, а колку применливи за нас и другите.

Кога ќе се погледнат вистинските бројки, приказните за милионите во Германија достапни за сите паѓаат во вода. Тука ќе ги видите званичните податоци од Еуростат, а во Германија малку или воопшто има плаќање на црно, така што можете да ги земете како точни.

Просечна плата на градежен инженер или архитект во Германија е 3.000-3.500 евра бруто, или околу 2.200-2.500 евра нето плата. Лекарите имаат околу 500 евра поголема просечна нето плата, а информатичарите примаат просечно околу 3.200-3.500 меселно, примено како нето плата.

Конобарите, куварите и фризерите заработуваат 1.000-1.200 евра месечно нето, платено за нив, и плус заработка од бакшиш доколку го има. Автомеханичари, електричари и градежни работници заработуваат нешто повеќе од нив, или во просек околу 1.400-1.600 евра месечно, и тука сметано на нето, чиста исплатена плата.

Минималната плата во Германија е околу 8,5 евра на час, но тоа е бруто. Зависно од регионот и општината, како нето за вас се исплаќа просечно 6,5 евра на час, минимлано. За 176 часови на работа месечно тоа е околу 1.150 евра нето минимална плата. Тоа е она што, како просек, се прима но, колку мора да се плати ако се живее во Германија.

За кирија, што зависи од местото на живеење и способноста да се плати, мора да се издвои најмалку 600 евра месечно, плус трошоци за греење, вода, струја и интернет. За храна, по човек, ќе ви треба најмалку 200-250 евра месечно, по толку за секој член во семејството и тоа секако доколку ручекот го подготвувате дома, затоа што храната во Германија спаѓа во средно ценовно ниво во однос на богатите европски држави од околината. Ако не се возите со свој автомобил туку користите јавен превоз, зависно од градот, ќе треба да издвоите 50-100 евра секој месец за таа намена

На табелата можете да ги видите просечните трошоци за стан и живот во станот, па видете каде вие се гледате себеси:

Кои се пет најскапи градови за живот во Германија? Прв на листата е Берлин, таму киријата за стан со иста категорија и квалитет во однос на другите поголеми германски градови е поскапа за околу 20%. Берлин е најскап за живот во Германија но, ако тоа може да ве утеши, тој е 40% поевтин од Лондон. Втор е Штутгард, таму тешко ќе изнајмите стан кој е помалку од 10 евра за квадрат, обично е двојно од тоа. Трет е Трир, мал град но има привлечност заради чистата екологија и убавиот старо германски амбиент и затоа Германците имаат побарувачка која ја поскапува понудата. Трет е Хамбург, заедно со Ротердам во Холандија тој е најголемо европско пристаниште. Град со многу мешана структура на луѓе, економии и стилови на живеење. Ако не сте подготвени да живеете во сиромашните работнички и морнарски квартови, да знаете дека минимална цена за купен квадрат стан надвор од овие гета е околу 3.000 евра. Четврти е Аугзбург, град на германските банкари. Понудата тука е екстремна: од многу скапо, за џебот на банкарите, до работничките населби каде минимален наем на стан е околу 11 евра за квадратен метар, што е околу 25-26% од просечната плата во Аугсбург. Петти е Хајделберг, киријата е околу 10 евра за квадрат за просечен стан, што е околу 24-25% од просечната плата во тој град.

На мапата која можете да ја видите покажани се градови и региони од највисок до најнизок стандард и приходи во Германија. Почнува од најбогатиот Хамбург, па понатаму.

На крај, какви цени можете да очекувате во маркетите. Литар млеко е околу 1 евро, килограм домати 2,5-3 евра, 500 грама локално сирење околу 6 евра, компирите се околу 1,6 евра, лименка пиво е најмалку едно евро, 500 грама пилешко чисто месо во маркетите е околу 4 евра.

Секако ова не се сите трошоци. Дополнително следат за здравствено осигурување, облека, школување на дете ако го имате, автобил купен на кредит, покуќнина или годишен одмор.

Секако има и од нашите кои би сакале да посетат кино или театар во Германија. Цена на редовни претстави за 2 билети во некој од поголемите германски тетари е околу 100 евра, а доколку тие двајца сепак сакаат да одат во кино, поефтино е, за два билети ќе платат просешно 20 евра. Ако потоа седнат во кафетерија, капучино е околу 3 евра, а кутија цигари 6 евра, додека за кригла пиво се плаќа 3,5 до 4 евра.

Па, после се, како ви изгледа животот во Германија? Едно е да се посети туристички, а друго кога ќе го земете калкулаторот и ќе пресметате како е да се отиде таму за работа и живеење. 

Ако не ви се допадна Германија, погледнете го видеото кое ви презентира 10 најинтересни држави за иселување, патишта од некаде до таму, економска миграција кон подобар живот. (vecer.mk)

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари