САД во шок: Откриено руско тајно оружје со незамислива моќ!

Она што "Кањон" го прави надмоќен е носивост на торпедо – термонуклеарно оружје од 100 мегатони. 

Русија има торпедо кое е двапати појако од најголема нуклеарка која е некогаш детонирана.

Клучен документ на американско нуклеарно оружје потврдува дека Русија развила најмоќно нуклеарно оружје. Прбиената копија на Пентагонова "Ревизија" за нуклеарно наоружување наведува дека Русија развила "ново интерконтинентално, нуклеарно подводно автономно торпедо"

Постоење на вакво оружје, во Америка познато како "Кањон", а во Русија како "Поморски повеќенаменски систем Статус-6 кој првобито "протекло" на руска телевизија во ноември 2015 година. Тестот кој ја вклучува подморницата "Саров класа", протекол во декември 2016 годин. Во извештајот Ревизија на нуклеарно наоружување, од јануари 2018 година се наведува дека ова оружје е дел од рускоит подводен нуклеарен арсенал.

"Кањон", наводно, автономно подводно возило е со многу долг домет, до 10.000 километри, максимална длабочина од 1.000 метри, и брзина од 100 чвора, се наведува во твредењето на протечените руски докумнти.

Но она што "Кањон" го прави надмоќен е носивост на торпедо – термонуклеарно оружје од 100 мегатони. Само за споредба, атомската бомба која е фрлена на Хирошима имала 16 килотони, или еквивалентно 16.000 тони ТНТ. Нуклеарката "Кањон" би била еквивалентна на 100.000.000 тони ТНТ. Тоа е двојно појака од "Цар на бомбите", најмоќното нуклеарно оружје кое некогаш е тестирано. Фрлена на Њујорк, бомба од 100 мега тони би убила 8 милиони народ а 6 милиони ранети.

"Кањон" е дизајниран да напаѓа крајбрежни подрачја, уништувајќи градови, поморски бази и пристаништа. Оваа мега бомба исто така ќе произведе вештачки цунами кои ќе го потопат копното, ширејќи радиоактивна контаминација со надојдената вода.

За да биде работата уште полоша, постои извештај дека боевата глава е "заситена" со радиоактивен изотоп "Кобалт-60", Контаминираните подрачја ќе бидат недостапни за човештвото во наредните 100 години.

"Кањон" е дизајниран да се доближи до американските одбрамбени балистички ракети, првенствено на копнените пресретнувачки ракети на Аљаска и во Калифорнија. Иако тие ракети се наменети да се спротистават на мал број на интерконтинентални балистички ракети од бунтовничките земји како што е Иран и Северна Кореја. Русија сака јасно да стави до знаење дека и понатаму може да се пробие американската одбрана, дури ако тие се подготвени да се соочат со поголем и помоќен нуклеарен арсенал.

Спрема зборовите на стручњак за подморници, Х.И. Сутон, "Кањон" е широк 1,70 метра, а долг 24 метри, што го прави двојно поголем од балистичката ракета "Булава" која се лансира од подморница. Сутон исто така верува дека ова торпедо е нуклеарно.

Поврзани

Најнови вести

Коментари