Саакашвили бара поништување на одлуката за протерување

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили поднесе жалба до судот во Киев, со која побара да се прогласи за незаконско неговото протерување во Полска, соопшти прес-службата на судот.

Саакашвили беше притворен пред два дена, а потоа и депортиран во Полска. Тој рече дека и во странство ќе собира луѓе, кои се поритв властите во тоаа земја.

Саакашвили, кој е и лидер на украинското „Движење на нови сили“, беше притоврен додека седел во еден ресторан во Киев. Тој во 2015 година доби државјанство на Украина и беше именуван за гувернер на регионот Одеса, но му беше одземено минатата недела.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари