Русите предупредуваат: Имаме дојава - Ал Каеда и „Белите шлемови“ ќе изведат хемиски напад во Сирија

Рускиот центар за помирување во Сирија открива дека добиле информации дека Ал Нусра Фронтот (огранокот на Ал Каеда во Сирија) и организацијата „Бели шлемови" се подготвуваат за изведување на напад со хемиско оружје.

Според Русите, Ал Каеда и „Белите шлемови" планираат да изведат хемиски напад во едно населено место во провинцијата Идлиб, а сето тоа е планирано да послужи како провокација и да се обвини дека зад тоа стои сириската армија.

Рускиот центар пренесува дека синоќа примиле телефонски повик од еден од жителите во населбата Серакаб во сириската провинција Идлиб кој што им дојавил дека Ал Каеда и „Белите шлемови" планираат да изведат хемиски напад, а веќе ги обезбедиле потребните количини на хлор.

Да потсетиме, во Сирија досега е изведен поголем број на хемиски напади, а завојуваните страни се обвинуваат меѓусебно за тоа кој е одговорен. Сепак, спроведените истраги исто така се контрадикторни и од извештаите може да се утврди дека баш секоја сила во Сирија одредено време употребувала хемиско оружје.

Сепак, според аналитичарите, сега кога САД се подготвува за нови удари на позициите на сириската армија, еден напад со хемиско оружје би можел да послужи како оправдување за воените удари.

Токму едно такво сценарио се случи минатата година кога Доналд Трамп за прв пат нареди напад на сириската воена база во Хомс, баш како одговор на хемискиот напад кој што наводно го извела сириската војска.

Поврзани

Најнови вести

Коментари