Хеликоптерот од кој Американците стравувале во текот на Студената војна

Русија го "воскреснува" советскиот ѕвер! (ВИДЕО)

Руската морнарица покажала интерес за повторно производство на некогашната гордост на советскиот воен арсенал, хеликоптерот со нуклеарен капацитет Mi-14 за борба против подморници.

Во деведесеттите години од минатиот век, официјален Вашингтон, од ослабената Русија побарал целосна разградба на овие хеликоптери, како и на Tu-160 бомбардерите, заедно со балистичките проектили кои ги носеле.

Доколку судиме според податоците кои доаѓаат од самиот врв на руската војска, а кои ги пренесува Russia Today, Русија на големо работи на повторно воспоставување на производство на суперсоничниот "Blackjack Tu-160", а се шушка дека истата судбина ги чека и хеликоптерите Mi-14.

Информациите кои доаѓаат од Татарстан, каде што Mi-14 е произведен, укажуваат на тоа дека фабриката KVZ или "Kazan Helicopter Works", со полна пареа работи на тоа да прати што е можно повеќе хеликоптери на производната лента.

"Mi-14" или "Haze", како што го нарекуваат припадниците на НАТО силите, е против-подморнички хеликоптер кој опционо може да биде вооружен: торпедо - 12 бомби од по 65 килограми или шест бомби од по 128 килограми и антиподморничка нуклеарна бомба од 1 килотон.

Леталото е способно да неутрализира било каква подморница на радиус од 800 метри длабочина. Поседува единствена способност буквално да слета на површината на водата, а во воздух без дополнување на гориво може да мине пет и пол часа, и на тој начин да покрие област со површина од 1.100 километри.

Сонари, магнетометри, хидроакустични сигнални уреди и останатата радарска технологија со неверојатен успех ги пронаоѓале сите типови на непријателски подморници. Американците инсистирале на демонтажа на овие летала, токму поради тоа што во 80-тите години ја детектирале нивната "невидлива подморница", која се нашла во советските води.

Поврзани

Најнови вести

Коментари