Рохани најави истрага за штетите по земјотресот

Претседателот на Иран, Хасан Рохани нагласи дека неговата администрација ќе почне истрага поради огромните штети на зградите кои се изградени во рамки на државниот преокт на пограничното подрачје погодено од земјотресот, меѓу Ирак и Иран.

Рохани рече дека треба да се испитаат грешки во изградбата на зградите и вети дека во најкраток временски рок, повторно ќе биде изграден погодениот регион. Голем дел од оштетените згради биле изградени за време на поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Земјотресот со јачина од 7,3 степени во неделата ја погоди областа на иранско-ирачката граница. Потресот беше почувствуван во неколку ирански провинции, но најмногу настрада Керманшах. Над 300 луѓе загинаа само во областа Сарпол-е Захаб во таа провинција која се наоѓа на 15 километри од границата со Ирак.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари