Родителите од САД кои ги врзувале и мачеле своите деца не се чувствуваат виновни за тоа

Родителите од Калифорнија кои се обвинети за мачење, малтретирање и заробување на нивните 13 деца, во судот изјавиле дека не се чувствуваат виновни за делата за кои се товарат.

Дејвид Турпин (56) и Луис Турпин (49) се обвинети за затворање, тортура и злоупотреба на нивните тринаесет деца на возраст меѓу две и 29 години. Брачниот пар беше уапсен откако нивната 17-годишната ќерка успеала да побегне од куќата, каде полицијата подоцна пронашла неколку деца врзани со синџири и хронично прегладнети.

Брачната двојка се појави на суд откако обвинителите против нив поднесоа обвиненија за страшна злоупотреба.

Обвинителот од округот Риверсајд, Мајк Хестрин, изјави дека двојката ги казнувала децата со врзување, најпрво со јаже, а потоа и со помош на синџири и катанци. Тој додаде дека бруталното казнување траело со недели и месеци и се влошувало со текот на времето.

Обвинителите, исто така, изјавија дека доказите покажуваат оти децата не биле ослободувани дури ни и кога требало да одат во ве-це.

Ќерката која успеала да побегне, во полиција рекла дека две години планирала бегство со своите браќа и сестри, истакнал Хестрин. а потоа претставил детали за ужасните злосторства на родителите:

1. Децата биле казнувани со тепање и давење

2. Се туширале само ​​еднаш годишно

3. Биле чувани будни во текот на ноќта, а спиеле околу 4 или 5 часа наутро

4. На децата им биле купувани играчки кои не смееле да ги допрат

5. Ако некое дете ги миело рацете, било казнувано поради „играње со вода“

6. Децата добивале само по еден оброк дневно, а понекогаш купената храна била оставана на места каде што врзаните деца не можеле да досегнат, туку само да ја гледаат

7. Децата никогаш не биле на стоматолог и не биле медицински згрижени повеќе од четири години

8. Децата не биле образовани и не знаеле како изгледа полицаец

Децата од семејството Турпин во моментов се лекуваат во болница, откако беа ослободени во понеделникот. Лекарите велат дека се во добра форма, но некои од нив претрпеле непоправливи физички и ментални проблеми. Властите објавија дека 12-годишното дете има просечна тежина за дете од 7-годишна возраст, а 29-годишникот тежел само 37 килограми кога биле пронајдени. Неколку деца страдаат од оштетување на нервите поради екстремна и долготрајна злоупотреба, рече Хестрин.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари