Дипломатија и пред суд

Рјабков: Русија нема избор освен да ги тужи САД

Русија нема да го пролонгира обраќањето до судот поради ситуацијата со рускиот дипломатски имот во САД, туку напротив тоа ќе го направи што побрзо, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков

Сергеј Рјабков

Русија нема да го пролонгира обраќањето до судот поради ситуацијата со рускиот дипломатски имот во САД, туку напротив тоа ќе го направи што побрзо, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

- Тоа брзо ќе го направиме, нема да го пролонгираме тоа прашање, посочи Рјабков по состанокот со американскиот заменик државен секретар Томас Шенон во Хелсинки.

Тој додаде дека за сега нема конкретна временска рамка за тужбата.

- Русија нема друга можност освен да ја тужи американската влада, посочи Рјабков.

Американските власти на 2. септември ги затворија рускиот генерален конзулат во Сан Франциско, трговската мисија во Вашингтон и нејзината канцеларија во Њу Јорк, објекти во сопственост на руската Влада.

Поврзани

Најнови вести

Коментари