Инцидентите ја зголемија будноста

Рекорден број уапсени во Британија поради тероризам

Британското Министерство за внатрешни работи соопшти денеска дека во периодот јули 2016 - јуни 2017 во Велика Британија се уапсени 379 лица, осомничени за кривични дела поврзани со тероризмот

Британското Министерство за внатрешни работи соопшти денеска дека во периодот јули 2016 - јуни 2017 во Велика Британија се уапсени 379 лица, осомничени за кривични дела поврзани со тероризмот.

Во соопштението на Хоум Офисот се вели дека станува збор за зголемување од 68 отсто во споредба со претходниот 12-месечен период, кога биле уапсени 226 лица, што е најмногу од 2001 година по терористичките напади во Њујорк и Вашингтон.

Во годинешниов рекорден број уапсени, вклучени се и оние поврзани со терористичките напади што изминатите месеци се случија во Лондонко и Манчестер.

По нападот на мост Вестминстер во Лондон во март годинава беа уапсени 12 лица, по бомбашкиот напад на влезот на Арената во Манчестер - 23, а по нападот во лондонскиот Бороу Маркет и на Лондонскиот мост - вкупно 21 лице.

Податоците на Хоум Офисот откриваат дека 54 од сите уапсени се жени, што е најмногу досега, а 17 биле на возраст под 18 години.

Најголемиот број од апсењата биле поврзани со меѓународниот тероризам на милитантните исламстички групи и организации, но голем пораст годинава е регистриран и кај домашниот тереоризам.

Во посочениот период се регистирани вкупно 52 вакви инциденти, за разлика од само десет во претходната година.

Една третина од уапсените се обвинети.

Хоум Офисот открива дека во изминатите четири години на територијата на Велика Британија се спречени 19 терористички заговори, вклучувајќи и шест по мартовскиот напад на мостот Вестминстер во центарот на Лондон.

Актуелната безбедносна тревога се означува како „голема" што значи дека заканата од терористички напад е многу веројатна.

Поврзани

Најнови вести

Коментари