РАБОТА ВО КИНА: Трошоците за живот се минимални, а странците се ценети и почитувани

Фрањо Тушек е 26- годишен Хрват кој заминал од родната земја и сега живее и работи во Кина каде е задоволен.

Овој млад човек за Фактор раскажува како е да се емигрира во Кина. Објаснува дека кинескиот миграциски закон е таков што дозволува миграција на луѓето од повеќе дефицитарни занимања. Вели дека Кинезите бараат професионалци со диплома, но услов е и да се има две години работно искуство. Додава дека врз основа на оние критериуми не е тешко да се добие работна виза во Кина.

„Платите се одлични, ќе зборувам во евра, значи од 1500 до 3000 евра и повеќе за одговорни и високи позиции. Покрај тоа треба да се додаде дека трошоците за живот се минимални. Храна, сместување, превоз, баш сè. Ноќниот живот е одличен, а странците се ценети и почитувани"- вели Тушек.

Тушек раскажува дека во Хрватска не гледал перспектива и морал да замине. Ги прекинал студиите, а незадоволство имало кај него и поради начинот на кој функционира општеството во неговата матична земја.

„Во Хрватска не видов никаква перспектива. Тогаш имаше рецесија, која траеше многу долго, подолго од било која друга земја во ЕУ. Составот на високото образование е катастрофален, не ми се допаѓаше на факултетот каде студирав" – додава момчето.

Но, вели дека најдобра одлука во животот му било тоа што почнал да учи кинески јазик, победил на натпревар, ја претставувал Хрватска во Кина, потоа добил стипендија, заминал во провинцијата Хаинан, во градот Хаикоу, таму се оженил и почнал свој бизнис.

Тушек вели дека отсекогаш сакал да се занимава со претприемништво.

Денес со помош на кинески партнери им помага на фирмите и граѓаните од Хрватска да најдат работа во Кина, за увоз и извоз.

(Фактор.мк)

Поврзани

Најнови вести

Коментари