Путин телефонски го извести Трамп за неговата средба со Асад

Рускиот претседател, Владимир Путин, телефонски го информирал неговиот американски колега Доналд Трамп како поминал неговиот состанок со сирискиот претседател Башар ал Асад, што се одржал вчера во Сочи. Јавноста за состанокот беше известена дури денеска.

Како што соопшти Белата куќа, Трамп и Путин разговарале еден час за прашања поврзани со Сирија, Украина, Иран, Северна Кореја и Авганистан.

„Испратена е порака за неопходноста од зачувување на суверенитот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија и постигнување политичко решение врз база на принципи коишто ќе бидат постигнати во преговорите во Сирија“, соопшти Кремљ.

Рускиот претседател вчера во Сочи беше домаќин на Асад, а двајцата лидери се согласиле дека фокусот во сирискиот судир преминува од воена операција во потрага по политичко решение.

Путин утре во Сочи за сириското прашање ќе разговара со турскиот и со иранскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган и Хасан Рохани.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари