Претскажувачот Паркер со лоши најави за 2018 година

Човекот кој предвидел нешто што никој не го очекувал - победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД и резултатот од британското гласање на рефрендумот за Брегзит, ги открива неговите нови предвидувања за 2018 година

Познатиот британски претскажувач Крег Хамилтон-Паркер вели дека ќе се случи терористички напад на автопат во Англија, револуција во Северна Кореја после која ќе го соборат бруталниот режим на Ким Јонг-Ун, и напад со беспилотни летала со употреба на хемиско оружје врз повеќе европските градови.

- 2018 година ќе биде година на политички превирања и големи природни непогоди предизвикани од драматични и непредвидливи времиња - напиша на својот блог.

Освен лошите вести, Паркер очекува и убави настани, принцот Хари ќе ја побара за жена неговата девојка Маган Маркл.

Овој Британец роден во Саутемптон стана планетарно познат откако прецизно предвиде серија терористички напади, ја предвиде и американската а потоа и светска меѓународната економска криза, и дека иден британски премиер ќе биде Тереза Меј, како и дека покрај се таа ќе успее да се задржи на власт. Што се однесува до САД, тој предвиде дека Хилари Клинтон ќе ја напушти политиката во 2017 година, и дека американски воен брод ќе биде потопен.

Во Европа, ќе има растечки културни разлики, а најлошото ќе биде во Германија и Франција и ќе се појават расни конфликти и големи нереди на расна и верска основа во овие држави.

Но, Паркер вели дека во следната година ќе бидат најлоши вестите за природни катастрофи, и тоа се  неговите најпрецизни предвидувања за 2018 година.

- Настаните поврзани со природните катастрофи се битни за сите на планетата бидејќи нема да имаат само локално, туку и регионално значење и последици.  Многу неочекувани земјотреси, вулкански ерупции и исклучително променливо и неповолно време.

- Веќе неколку години зборувам за ова што не очекува во 2018 година - не само поради глобалното затоплување, туку и поради зголемената соларна активност. Веќе видовме ужасни урагани, но претпоставувам дека најлошотото допрва доаѓа.

Паркер предвидува дека ќе еруптира вулканот Везув во Италија и во Неапол, многу луѓе ќе мора да бидат евакуирани, а тоа ќе биде зголемена сеизмичка активност - дури и во области кои се илјадници години без земјотрес, сериозен земјотрес го очекува Нов Зеланд.

Моќните урагани ќе го запалат Карибите, пожарите ќе ги погодат Калифорнија и Австралија, а Кина и Индија ќе доживеат големи поплави. Поради олуи и торнада на јужните мориња ќе биде невозможно да се плови поради топењето и лизгањето на огромни санти лед на Антарктикот.

"Конфликтите и маките со природни катастрофи ќе ги обединат луѓето и ќе ја поттикнат нивната желба за соработка, и ќе ја вратат смислата на заедничкото живеење", заклучува тој.

Поврзани

Најнови вести

Коментари