Анкета

Повеќето Израелци и Палестинци го поддржуваат моделот на две држави

Бројот на Израелците и Палестинците, кои го поддржуваат основањето на независна палестинска држава се намали изминатите месеци, но и натаму повеќе луѓе го преферираат моделот на две држави од една заедничка

Бројот на Израелците и Палестинците, кои го поддржуваат основањето на независна палестинска држава се намали изминатите месеци, но и натаму повеќе луѓе го преферираат моделот на две држави од една заедничка.

Ова се резултати од израелско-палестинската анкета, објавени денеска откако претседателот на САД Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанокот вчера во Белата куќа се дистанцираа од моделот на две држави, оценувајќи дека има повеќе опции за решавање на деценискиот конфликт.

Анкетата покажува дека 55 проценти од Израелците и 44 отсто од Палестинците го поддржуваат создавањето независна Палестина, која би живеела во мир и безбедност заедно со Израел. Во јуни минатата година односот бил 59 спрема 51 процент.

Сепак само 24 проценти од Израелците и една третина од Палестинците се изјаснија за една двонационална држава.

Со анкетата, која е финансирана од Европската унија се опфатени 1.200 лица од двете страни.

Поврзани

Најнови вести

Коментари