Го нарекуваа владетел на светот

Почина Рокфелер на 101 година

Милијардерот и филантроп Дејвид Рокфелер почина денеска на 101 година.

Портпаролот на Рокфелер Фрејзер Сајтел рече дека Дејвид Рокфелер починал во сон во својот дом во Покантико Хилс во државата Њујорк. Тој водеше голема мрежа на семејни инвестиции вклучувајќи ја и банката Морган Чејс. Беше највозрасниот жив член на познатото семејство Рокфелер, кое е едно од најпознатите во Америка и по своите филантропски активности.

Форбс пред две години го процени неговото богатство на три милијарди долари.

Династијата Рокфелер е банкарско благородничко семејство втемелено од Џон Д. Рокфелер (1839-1937) и неговиот брат Вилијам Рокфелер (1841-1922). И тие се по потекло од Германија. Тие се едни од најголемите светски приватни претприемачи во нафтениот бизнис во текот на доцниот 19-ти и почетокот на 20-тиот век, главно со компанијата Standard Oil Company.

Тие се една од најмоќните групи во САД и добро се интегрирани и во светскиот банкарски сектор. Нивниот предок, Јохан Петер Рокфелер, се преселил во Северна Америка во 1723-тата година од Германија.

Семејството било вклучено и во многу граѓански проекти во САД, во текот на 20-тиот век. Главни помеѓу нив се – Светскиот трговски центар, Рокфелер Центар, Линколн Центар, One Chase Manhattan Plaza, MoMA и други.

Нивната контрола врз целокупната индустрија била толку многу голема што Антитраст законот е изграден токму поради нив, како би се "скршил" нивниот бизнис, затоа што тие поседувале монопол во речиси целокупната трговија. До сега, нивното влијание може да се почувствува низ компанијата JPMorgan Chase. Исто така, за нив се зборува и дека се илуминати.

Тие се основачи на таканаречената Билдербершка група (Билдербершка конференција или Клуб Билдерберг). Тоа е годишен собир од затворен тип со околу 200 гости, од кои поголемиот дел претставуваат влијателни личности од подрачјето на претприемаштвото, медиумите и политиката. Една од најмоќните политички, медиумски и економски групи се состанува на различни локации еднаш годишно и води расправи за иднината на светот.

Некои ја обвинуваат групата дека потајно владее и управува со светот преку ЕУ, Г8, ВТО и Светскиот економски форум.

Членовите на групата се претседатели на држави, министри, сопственици на корпорации, банкари, индустријалци, претставници на медиумски картели.

Поврзани

Најнови вести

Коментари