Повторно закани

Пјонгјанг: Ќе ја потопиме Јапонија и ќе ги претвориме САД во пепел и мрак

Четирите острови на (јапонскиот) архипелаг треба да бидат потпени во морето со атомска бомба. Јапонија веќе нема потреба да постои во наша близина, се наведува во соопштението на Комисијата за мир

Северна Кореја се закани дека ќе ја „потопи" Јапонија и дека ќе ги претвори САД во „пепел и мрак", како одговор на нивната поддршка за воведување нови санкции кон Пјонгјанг од страна на ОН.

Советот за безбедност на ОН во понеделникот едногласно усвои резолуција за воведување дополнителни санкции кон Северна Кореја, по поледниот, шести по ред, севернокорејски нуклеарен тест извршен кон крајот на август.

Во реакција на усвоената резолуција, Корејската комисија за мир во азиско-пацифичкиот регион, која е задолжена за ширење на пропагандата на Пјонгјанг во странство, повикува на распуштање на Советот за безбедност на ОН, кого го оквалификува како „инструмент на злото составен од подмитени земји, кои работат по диктат на САД".

- Четирите острови на (јапонскиот) архипелаг треба да бидат потпени во морето со атомска бомба. Јапонија веќе нема потреба да постои во наша близина, се наведува во соопштението на Комисијата.

Натаму во текстот се упатуваат и закани кон Вашингтон, при што се додава дека Северна Кореја може „да го претвори континетелниот дел на САД во пепел и мрак".

Поврзани

Најнови вести

Коментари