Писмо на принцот Чарлс од 1986: "Странски, европски Евреи, се причина за големите проблеми на Блискиот исток"!

"Знам дека постојат многу сложени проблеми, но како е можно да се стави крај на тероризмот, освен ако причините не се елиминираат...

Принцот Чарлс го обвини ционизмот за нередот на Блискиот исток, тврдејќи дека арапско-изреалскиот конфликт изворно може да се следи уште од почеток на создавање на Изреал.

Неодамна објавеното писмо кое датира од 1986 година, принцот Чарлс обвини за "прилив на странски, европски Евреи" за арапско-изреалскиот конфликт, изразувајќи нада дека еднаш некој америкнски претседател ќе има еден ден "храброст да се спротивстави на еврејското лоби"

Писмото, напишано 24 септември 1986. пронајдено е во јавен архив и го објави Дејли Меил. Принцот го напишал ова писмо откако службено ја посетил Саудиска Арабија, Бахреин и Катар со принцезата Дајана.

"Сега ценам дека Арапите и Евреите се исконски семитски народи" – напишал тогаш 38 годишниот принц од Велс во писмото, додавајќи дека "приливот на странски, европски Евреи (посебно од Полскам тое го велат) помагал да предизвика големи проблеми на Блискиот исток".

"Знам дека постојат многу сложени проблеми, но како е можно да се стави крај на тероризмот, освен ако причините не се елиминираат", се прашува тој.

Сигурно некој американски претседател мора да има храброст и застане против еврејското лоби во САД". Мора да сум наивен", заклучува тој. Уредникот на Jewish Chronicle, Стефан Полард, ги опишал коментарите како "шокантни и потполно непредвидливи".

"За мене 'еврејското лоби' е една антисемитска тема која опстојув со векови. Постои тој мит дека многу снажно еврејско лоби контролираат надворешна политика, медиуми, банки, или што и да е... Такви коментари кои доаѓаат од престолонаследник се вознемирувачки, благо речено" рекол Полард за Дејли Меил.

Потпаролот на Clarenc Hous рекол дека мислите изразени во писмото од 1986 година во суштина "не се лични ставови на принцот Чарлс".

Посмото јасно покажува, тоа не биле лични мислења за арапско-изреалските ефери, туку застапување на мислења од некои поединци со кои се сретнувал во текот на својата посета, и со кои малку подлабоко разговарал", се наведува во соопштението.

Тој додал дека принцот Чарлс едноставо " и поделил своите аргументи за приватна коресподенција", во обид „да го подобри разбирањето на она што тој секогаш го сметаше како длбоко комплексно прашање".

Поврзани

Најнови вести

Коментари