Песков: Путин настина, па зима е, знаете

Портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин настинал, но дека без оглед на тоа, работата си продолжува, пренесе ТАС.

„Претседателот настина, но не е ништо сериозно, се е во ред. Неговиот распоред за работа и натаму останува, но настинката е земена во предвид. Слушнавте како му се промени гласот. Зима е, знаете“ рече Песков.

Тој истакна дека некои медиуми почнале да шпекулираат околу здравјето на претседателот на Русија и наведе дека Путин требало да учествува на состанокот на тема микроелектроника, но морал да го одложи зошто документите не биле подготвени за да му бидат претставени на шефот на државата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари