Перуанските власти го повлекоа предупредувањето за цунами издадено по силниот земјотрес

Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер ја погоди областа во близина на брегот на Перу. Притоа, иако властите најпрво издадоа предупредување за цунами, потоа го повлекоа истото.

Геолошкиот институт од САД информираше дека земјотресот се случил 124 километри југозападно од градот Пукујо, а светските новински агенции соопштија дека потресот бил регистриран на длабочина од 12,5 километри.

Гувернерката на регионот Арекипа, Џамила Осорио, на Твитер објави дека нема информации за жртви.

Новинските агенции исто така пренесоа дека во одредени делови на Перу било издадено предупредување за цунами, кое во меѓувреме било повлечено.

 

 

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари