Има логика

Папата му порача на светот: Не кукајте, подобрете си гo животот

Папата Франциско на вратата од неговиот стан ја поставил пораката "Престанете да се жалите и подобрете си го животот"

Ако некој некогаш се запрашал што мисли папата Франциско за луѓето кои постојано се жалат, одговорот е закачен на вратата од неговиот скримен стан во Ватикан на која пишува: "Не кукајте".

На италијански јазик и со букви во црвена и сина боја пишува дека "прекршителите страдаат од синдромот на постојано чувство дека се жртви, како и дека страдаат од недостиг на хумор и способност за решавање проблеми", пренесе Хина.

Фотографијата од знакот е објавена на интернет страницата на Ватикан инсајдер, а ја потврди уредникот Андреа Торинели, новинар близок до папата Франциско. Торинели досега неколкупати го има интервјуирано папата.

Во додатокот од текстот пишува: "Казната ќе се удвои ако прекршокот е направен во присуство на деца. За од себе да го извлечете она најдоброто, концентрирајте се на својот потенцијал, а не на своите ограничувања".

И на крајот стои пораката: "Престанете да приговарате и подобрете си го животот".

Овој знак на папата неодамна му го дал психологот и автор на книги за самопомош Салво Ное. Папата тогаш му ветил дека како шега ќе го закачи на влезната врата од неговиот дом.

Поврзани

Најнови вести

Коментари