Палестинските демонстранти се судрија со израелски војници

Илјадници Палестинци се судрија со израелските војници, за време на протестoт против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, соопшти Ројтерс.

Демонстрациите се одржаа на Западниот Брег, каде дојде до судирите.  Неколку илјади жители на Палестинската автономија се приближиле до деловите обезбедувани од израелски војници, почнувајќи да фрлаат камења кон војниците, кои за возврат употребиле солзавец.

Според властите на Палестинската автономија повредени се 14 лица.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари