Палестинците „глуви“ за заканите на САД

Палестинскиот министер за надворешни работи, Риас Малки изјави дека нема да попушти под заканите на САД дека ќе го затворат палестинското дипломатско претставништво во Вашингтон.

Малку во интервју за Палестинското радио изјави дека Палестинците чекаат на понатамошни контакти со американската влада. „Топката е во американскиот двор“, додал Малки.

Американски официјални лица вчера изјавија дека Владата на претседателот Доналд Трамп  ги известила Палестинците дека претставништвото ќе им биде затворено, ако не започнат сериозни мировни преговори со Израел. Трамп ќе ја донесе одлуката во наредните 90 дена.
Според Малки, овој потег на САД е со цел да се изврши притисок врз Палестинците.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари