Светот се менува, и тоа се гледа секој ден

Паѓа уште една американска икона, Мекдоналдс!

Десктоп и лаптоп компјутерите на американската компјутерска икона ИБМ со нивните Тинк пад машини денес се сопственост на Кинезите. Легендарниот Џип не е веќе американски, Фијат е газдата. Крајслер премина во италијански раце. Филмската икона Холивуд е под власт и најголемо влијание на јапонскиот Сони... дојде денот кога уште една од најголемите американски икони, Мекдоналдс, паѓа на колена.

Синџирот за брза храна „Мекдоналдс" повторно ги полни насловните страници на весниците низ целиот свет. Компанијата штотуку покрена нова целодневна програма за појадокот кој може да се послужува во текот на целиот ден, но сега сопствениците на франшизата ја изразија својата загриженост околу тоа дали би можело ова да биде нивна последна кампања.

Како што е објавено во јуни, франшизата на Мекдоналдс е намалена за првпат по 40 години историја на оваа компанија.

„Мекдоналдс" најави во април дека ќе почне да ги затвора 700-те непрофитни локации, поради самата големина на компанијата. Таа има 14.300 ресторани само во САД, но тоа не е показател за пропаѓањето на компанијата затоа што ресторани постојано се затвораат, особено поради тоа што и понатаму се отвораат на нови локации ширум светот. „Мекдоналдс" има двојно повеќе локации од „Бургер кинг", кој претставува негов најблизок конкурент.

Но, за франшизите, сликата изгледа многу полошо од едноставно затворање на 700 продавници.

„Ние боледуваме од тешка депресија, и ништо не се менува", напиша сопственикот на франшизата како одговор на финансиското истражување од страна на „Номура групата".

Веројатно 30% од операторите на „Мекдоналдс„ се неликвидни. Еден сопственик отиде до таму што нагаѓаше дека компанијата буквално ги живее своите последни денови.

Како што тврди „Бизнис инсајдер", недостигот од доследно водство од центарот на компанијата во Оак Брук е застрашувачко, и челниците на компанијата и понатаму скокаат од една неуспешна иницијатива во друга.

Ова веројатно се однесува на разните маркетиншки програми кои неодамна се принудени да ја променат политиката на ресторанот кон помладите клиенти, така што избраа здрави и локални опции за храната.

Иако овој синџир за брза храна доминира на пазарот веќе со децении, конкуренцијата и свеста за здравјето предизвикаа пад на популарноста на нивните производи. Растот на синџири како „Чипотлеа", кој неодамна престана да користи генетски модифицирани состојки, ги краде секојдневно потрошувачите на „Мекдоналдс".

Сите бројни затворања на ресторан означуваат сè поголем чекор во прехранбените склоности меѓу Американците. Тоа е во согласност со неодамнешните потези на фаст-фуд синџирот за отстранување на отровните хемикалии од нивните состојки, како и со експоненцијалниот раст на органската и здрава алтернатива.

Ако трендот на здрава алтернативна храна во светот продолжи, „Мекдоналдс" ќе мора да се прилагоди на пазарот, што е реална можност. (Reporter)

Поврзани

Најнови вести

Коментари