Ова е вистинска приказна за замрзнатото момче

До крајот на 2016 година, во Кина, 43,35 милиони луѓе живееја под државната линија на сиромаштија. За споредба, во 2012 година, под линијата на сиромаштија живееле 98,99 милиони луѓе.

Ванг Фуман

Фотографиите на едно момче од Кина, кое стои во одделение  и на кого му се смеат другарите заради замрзнатата коса и црвеното лице го обиколи светот. Корисниците на Твитер ја споделуваа фотографијата под хаштагот #IceBoy, повикувајќи на помош за малиот Ванг, што вроди со плод - момчето доби нова зимска облека. На прв поглед станува збор за среќен крај, но под површината лежи тажната реалност за милиони луѓе во земјата на црвениот змеј.

Иако Кина е една од петте најголеми светски економии, и официјално има најголем број на милионери во светот, придобивките од добриот живот, многумина не ги уживаат.  Приказната за Ванг привлече многу внимание, токму поради тоа што е типичен пример за тоа како децата кои живеат во внатрешноста на Кина, и како екстремната сиромаштија е, всушност, широко распространета во земјата.

 

Ванг е член на т.н. генерација "заборавени деца на Кина". Понекогаш ги нарекуваат и напуштени  деца, и двата термини се еднакво точни и укажуваат на еден страшен факт - милиони деца растат далеку од нивните родители, поради тешката финансиска ситуација која ги принудила да ги напуштат во потгара по пари во другите делови на најнаселена земја во светот.

Осумгодишниот Ванг Фуман е оставен како мало момче, а неговиот татко отишол да работи подалеку од дома. Тој се враќа само два до три пати годишно, односно на секои четири или пет месеци за да ги види Ван и неговата сестра што живеат со својата баба.

Кога фотографијата на замрзнатиот Ван беше објавена во медиумите ширум светот, државните телевизиски новинари го бараа домот на Ванг. Тие најдоа типична сцена за посиромашните делови на Кина - куќа во кал.

Ванг Фуман има 99 бодови од 100 речиси на сите тестови

Според УНИЦЕФ, во Кина живеат 70 милиони деца под линијата на сиромаштија, што е дури 25 проценти од вкупниот број сиромашни деца во светот. Во сиромашните делови на Кина, само 64 отсто од децата живеат со двата родитела.

Амбициозен план на Си Џипинг

До крајот на 2016 година, во Кина, 43,35 милиони луѓе живееја под државната линија на сиромаштија. За споредба, во 2012 година, под линијата на сиромаштија живееле 98,99 милиони луѓе.

Како една од неговите клучни задачи во вториот петгодишен манат, претседателот Кси Џиинг ја објави борбата за искоренување на сиромаштијата. Тоа подразбира дека во наредните три години домувањето на крајно сиромашните луѓе во Кина ќе биде префрлено во нови домови чија изградба е субвенционирана од државата. Некои ќе бидат преместени во близина на нивните постоечки домови, а некои во далечните провинции во споредба со моменталната адреса. Планот треба да овозможи 70 милиони луѓе што живеат под линијата на сиромаштија да ја напуштат оваа категорија до 2020 година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари