Осум членки го загубија правото на глас во ОН поради долг

На Венецуела и Либија им е оневозможено правото на гласање на Генералното собрание на Обединетите нации, трет пат во последните три години, поради долг од над еден милион долари кон светската организација.

Меѓу земјите кои исто така го загубија правото на глас се и Централноафриканската Република, Доминиканската Република, Маршалските острови, Суринам, Јемен и Екваторијална Гвинеја.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го извести Генералното собрание на крајот од минатиот месец дека 14 земји, меѓу кои се Венецуела и Либија во долгови, а портпаролот на Собранието, Бренден Варма потврди дека Либија и Венецуела го изгубиле правото на глас.

Според информациите, Венецуела должи околу 25 милиони долари, А Либија шест, кои мораат да ги вратат за да им се врати и правото на глас.
Во Резолуцијата се наведува дека на државите Коморос, Гвинеја Бисао, Сао Томе и Принсипе и Сомалија, им се дозволува да гласаат и покрај долговите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари