Шведска

Обвинителството ја прекина истрагата против Џулијан Асанж

Шведското Јавно обвинителство денеска соопшти дека донело одлука за прекин на истрагата против основачот на „Викиликс", Џулијан Асанж, во врска со обвинувањата за силување

Шведското Јавно обвинителство денеска соопшти дека донело одлука за прекин на истрагата против основачот на „Викиликс", Џулијан Асанж, во врска со обвинувањата за силување.

- Јавниот обвинител на Шведска Марјан Њу реши да ја прекине истрагата против Џулијан Асанж за тврдењата за силување, се наведува во соопштението на Обинителството.

Со ова најверојатно се става крај на седумгодишната правна борба меѓу 45-годишниот Асанж и шведското Јавно обвинителство.

Асанж од 2012 година се крие во еквадорската Амбасада во Лондон, каде доби азил, со цел да избегне екстрадиција во Шведска, каде досега му се закануваше судење по обвиненијата на две жени за силување.

Тој ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека цел на оваа истрага е да биде екстрадиран во Шведска, која потоа би им го предала на САД, каде е обвинет за објавување на тајни и доверливи информации преку неговата мреже „Викиликс".

Поврзани

Најнови вести

Коментари