Новата адреса на амбасадата на САД во Москва да се вика "Северноамерикански ќорсокак"!

Плоштадот пред амбасадата на Русија во Вашингтон да се применува во Плоштад Борис Њемцов, е провокација која се провлекува од времето на Обама...

Моментално московската адреса на американската амбасад во главниот град на Русија е "Велики Девијантски сокак бр. 8

Американците во преходните денови – во својот русофобиски транс – плоштадот пред амбасадата на Русија во Вашингтон да се применува во Плоштад Борис Њемцов.

Власта на главниот град на САД тој провокативен чекор го прогласиле како "симбол приврзан на демократија".

Во Москва одреагирале сосема неочекувано.

Шефот на надворешнополитичкиот комитет на Државната Дума Леонид Слуцки оценил дека тој потез од Вашингтон е доказ за антируска спирала, која е потегната од администрацијата на Барак Обама, која и понатаму е присутна.

Меѓутоа не останало само на тоа. Пратеникот Михаил Дегтјарјев поднел иницијатива пред власта во Москва уличката на која "излегува" американската амбасада се применува во "Северноамерикански ќорсокак".

Притоа прецизирал да се бара официјална адреса на старата зграда на амбасадата на САД да биде: Северноамерикански ќорсокак бр. 1

Власта во Москва го известиле Дегтјарјев дека неговата инцијатива ќе биде разгледана до крај на февруари. Прво во градската комисија во чија нажлезност е предлагање промена на називи на улиците и плоштадите.

Во меѓувреме се огласила и американската амбасада во Москва. Нејзиниот потпарол, Марија Олсон, изјавила:

"Секој има право да размислува за слепи улици. Но, бидејќи сме американски дипломати, ние повеќе се концентрираме во барање патишта за унапредување на односите САД и Русија како би биле по конструктивни".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари