Проектот “Север - Југ“- нов стрес за ЕУ и САД!

Коридорот "север-југ"  ќе биде сериозен конкурент на рутите кои поминуваат преку Суетскиот канал.

Рускиот транзитен проект "север-југ" добил меѓународна подршка. Порано е објавено дека Москва, заедно со Техеран, почнала активно да истражува можност за имплементација на премин за проток на стока од Азија до ЕУ.

За разлика од кинескиот "Нов пат на свилата", проек наменет за транзитен проток на стока по железничка пруга, проектот "север-југ" ќе значи проток на стока со користење на поморски транспорт.

Проектот "север-југ" би овозможил заштеда во време и до две недели во тек на превоз на стока од Азија до ЕУ.

Од таа причина "север-југ" коридорот ќе биде сериозен конкурент на рутите кои поминуваат преку Суетскиот канал.

Тоа инаку стратешки е уште еден проблем повеќе за САД кои настојуваат да се елиминира зависноста на ЕУ од Русија, како во поглед на енергенсите така и во поглед на транспортните рути.

Главен раководител на пристаништето и транспортните организации на Иран е Мухамед Растад, кој ќе известува за значаен пораст на зголемен обрт на стока во морското пристаниште на земјата

Вредно е да се спомене дека иранската страна и понатаму сериозно се труди да ја развие својата инфраструктура на пристаништето. Поради тоа Иран потпишал договор со Индија која ќе го снабди пристаништето со опрема во вредност од 85 милјони долари.

Се очекува со обновата на морската инфраструктура на иранската страна знатно да го забрза процесот во давање потребен капацитет за транспортирање на стока, по најкуса рута од Идија до ЕУ пазарите.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари