Некој на Трамп да му каже: На Америка не и се пишува добро!

Сегашниот долг на земјата изнесува рекордни 20,6 билиони долари – највисоко ниво после Втората светска војна.

Американскиот долг ќе порасне вероватно за уште 10 билиони долари во следната деценија, покажале процнките според последниот буџет.

Спрема Канцеларијата за управување со бузетот на Белата куќа, државниот долг до 2028 година ќе достигне дури 29,9 билиони (трилиони) долари.

Дефицитот тогаш ќе биде 101 отсто од американското БДП, а проценка е на Надзорниот орган за прогноза на сојузниот буџет. Сегашниот долг на земјата изнесува рекордни 20,6 билиони долари – највисоко ниво после Втората светска војна.

Доколку не се променат важечките закони, буџетскиот дефицит ќе продолжи рапидно да расте и зголемува во следните 30 години при што дупката би можела да достигне 150 отсто од БДП до 2047година објавила Конгресната комисија за буџет.

Спрема новиот буџет, претседателот Доналд Трамп бара рекордни 686 милијарди долари за Пентагон – кое зголемување е 13 посто во однос на буџетот во 2017 година.

"Ќе имамаме најсилна војска која некогаш сме ја имеле", ркол Трамп додавајќи дека се грижи "за војската како што тоа никогаш не било".

И кредитните агенции се загрижени поради растечкиот долг:

Мудис предупредува дека би можел да се намали кредитниот рејтинг бидејќи не се усогласени даночните реформи.

Исто така. кинеската Дагонд Глобал Кредит Рејтинг го намалила американскиот рејтинг од А на БББ+, ставајќи ја економијата на САД на ниво со Перу, Колумбија и Туркменистан.

Поврзани

Најнови вести

Коментари