Неизвесно присуството на Трамп на Светскиот економски форум

Заминувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Давос, Швајцарија каде што идната недела ќе биде одржан Светскиот економски форум, е неизвесно. Причината за ова е делумната финансиска блокада на федералната влада, изјавил денеска директорот за буџет на Белата куќа, Мик Малвен.

Трамп веќе го откажа заминувањето во својата резиденција на Флорида, што беше планиран за овој викенд, а таа одлука ја донесе откако минатата ноќ во Конгресот демократите и републиканците не постигнале договор за финансирање на федералната влада.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари