НАСА лансираше моќен метеоролошки сателит – ќе ги лови ураганите

Американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) успешно го лансираше во орбитата метеоролошкиот сателит од новата генерација, кој ќе овозможи попрецизни временски прогнози за седум дена, како и подобро набљудување на животната средина. Сателитот ЈПСС, кој е заеднички проект на НАСА и Агенцијата за набљудување на океаните и атмосферата, е лансиран од база во Калифорнија.

ЈПСС е прв од серијата на четири сателити, кои имаат развиена технологија  и можат да дадат подолгорочна прогноза на временските услови. Сателитот е важен и за предвидување на временските неприлики, како што се ураганите.

Освен тоа, тој ќе ја следи и состојбата со озонската обвивка и јачината на ултравиолетовото зрачење, кое што е предизвикувач на рак на кожата. ЈПСС ќе може дури и да ги лоцира пожарите кои што се случуваат во тешко достапни предели.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари