Москва: Ги ликвидиравме напаѓачите на нашата база

Руските трупи ја елиминирале милитантната група која изврши напад врз нивната база на 31 декември во Сирија, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во операцијата учествувале и специјални сили, а на границата со провинцијата Илилиб во Сирија, од каде што и бил организиран нападот, биле пронајдени неколку беспилотни летала, храна и муниција.

Артилерискиот напад во руската воена база во Хмејмим доведе до смрт на двајца руски војници.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари