Заедно со Срби и Босанци

МНР: Во Словачка се приведени 8 македонски државјани

Министерството за надворешни работи потврди дека во Словачка се приведени осум македонски државјани, кои работеле во земјата со лажни договори за работа.

Регионалните медиуми вчера објавија дека се приведени 72 лица. Тие се приведени при излегување на фабричките простории на „Shin Heung Precision Slovakia", во близина на Трнава.

Меѓу приведените, освен осуммината македонски државјани, 23 биле од Србија, 27 од Украина и четворица од Босна и Херцеговина.

Тие по приведувањето биле пренеси во центар за странци во Дубрава, кој се наоѓа во близина на словачко-унгарската граница и кој служи за сместување на лица, кои нелегално живеат или работат во Словачка.

Приведените следниот ден се ослободени и одреден им е рок од седум дена да ја напуштат Словачка, како и забрана за влез во ЕУ, освен три лица, кои имале фалсификувани патни исправи и кои се уште се задржани. Меѓу тие три лица нема македонски државјани.

Поврзани

Најнови вести

Коментари