Миграцијата главен проблем во коалициските разговори во Германија

За време на разговорите за потенцијални партнери во новата германска коалиција, меѓу конзерватиците на канцеларката Ангала Меркел и партијата на Зелените, изнесоа спротивставени ставови за миграцијата.

Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел, Слободните демократи и Зелените одлучуваат дали оваа недела ќе почнат формални коалициски преговори.

Главниот камен на сопнување е односот кон проблемите со миграцијата, особено за тоа дали би требало да им се дозволи на роднините да се придружат на луѓето, кои добиле заштита, но не и азил. Луѓето во таква позиција моментално не можат да ги донесат роднините во Германија, а сојузникот на Меркел, Фолкер Каудер, изјавил дека нема простор за маневрирање. Тој истакнал дека во случај да им се дозволи доаѓање на членовите на семејството, во Германија би влегле околу 300.000 луѓе.

Клаудија Рот од партијата на Зелените рекла дека основно право е да си го донесат своето семејство. Таа ги демантира тврдењата на Каудер, додавајќи дека реална бројка е меѓу 50.000 и 70.000 луѓе.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари