10 000 ЛУЃЕ СМЕСТЕНИ ВО ЗАСОЛНИШТА

Масовна евакуација: На островот Бали само што не еруптирал вулкан


Скоро 10.000 луѓе се евакуирани денеска од населба во близина на вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали поради можна ерупција

Претставниците на власта во понеделникот го подигнаа нивото на закана од можна ерупција на вулканот на второто највисоко ниво и им порачаа на луѓето да не му приоѓаат на вулканот на помалку од шест километри.

Властите на Индонезија соопштија дека 9.400 жители се сместени во 50 засолништа.

Агунг е висок 3.031 метар, а се наоѓа 70 километри североисточно од популарното туристичко место Кута.

Тој вулкан последен пат еруптираше во 1963 година, при што загинаа 1.100 луѓе.

Најнови вести

Коментари