МАСАКР ВО ФЛОРИДА: Најмалку 17 мртви во крвопролевање во средно училиште

Најмалку 17 мртви (за кои не се знае дали се деца или возрасни) и најмалку 20 се повредени во престрелката што се случи во средата попладне во средното училиште "Marjory Stoneman Douglas" во градот Паркленд (70 милји северно од Мајами) во областа на Броуд Каунти во Соединетите Американски Држави.

Како што потврди канцеларијата на шерифот, таканаречениот неименуван осомничен бил уапсен откако некое време бил во бегство. Неговиот идентитет сé уште не е официјално потврден, но тој е осомничен дека е поранешен студент, кој наводно носел црна шапка, црвена маица и црни панталони. Неговите мотиви се нејасни.

Поврзани

Најнови вести

Коментари