Ако се премислат од Брегзит

Макрон: Вратата за Велика Британија во ЕУ се уште е отворена

Францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со британската премиерка Тереза Меј изјави дека вратата за останување на Велика Британија во Европската унија се уште е отворена

Францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со британската премиерка Тереза Меј изјави дека вратата за останување на Велика Британија во Европската унија се уште е отворена.

-Секако, вратата се уште е отворена се додека преговорите за Брегзит не се завршат, рече Макрон на заедничката прес конференција во Париз, пренесуваат агенциите.

Тој, сепак, додаде дека одлуката за Брегзит ја донесоа британските граѓани суверено и дека тој тоа го почитува, но дека би сакал преговорите да почнат што побрзо.

-Од европскиот ракурс на гледање, се додека преговорите не се завршат, постои можност да се промени правецот на настаните, наведе Макрон.

Меј изјави дека, и покрај нејзините инсистирања да формира влада по изборите, временската рамка за Брегзит останува „на курсот" и дека разговорите ќе почнат следната недела. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари