Лидерот на Кју Клукс кланот умре од природна смрт - во затвор

Поранешниот лидер на Ку Клукс Клан, Едгар Реј Килен, почина во затвор на возраст од 93 години, изјави портпаролот на полицијата во Мисисипи. Тој беше осуден во 2005 година поради убиството на тројца активисти за граѓански права пред четири децении. Доби три последователни казни затвор од 20 години.

Поранешниот лидер на Ку Клукс Клан, Едгар Реј Килен, почина во затвор на возраст од 93 години, изјави портпаролот на полицијата во Мисисипи. Тој беше осуден во 2005 година поради убиството на тројца активисти за граѓански права пред четири децении. Доби три последователни казни затвор од 20 години.

Во соопштението се наведува дека ќе биде извршена аутопсија, но дека не постои сомнеж дека Килен починал од природна смрт.

Мисисипи во пламен

Активистите Џејмс Чејни, Мајкл Швернер и Ендрју Гудман беа уапсени за сообраќаен прекршок, во 1964 година, додека го истражуваа палењето на цркви во близина на Филаделфија, Мисисипи.

Заменикот на шерифот потоа ги ослободи, но претходно го известил Кју Клакс, чии членови ги убиле тројцата активисти на 21 јуни 1964 година.

Телата на убиените биле пронајдени 44 дена подоцна, а тогашниот гувернер на Мисисипи дотогаш тврдел дека нивното исчезнување било измама. Смртта на тројцата активисти ги шокираше САД, и придонесе за усвојување на Законот за граѓански права од 1964 година, по што беше прикажан филмот Мисисипи во пламен во 1988 година.

Не можеше да се осуди свештеник

На првото судење, во 1967 година, Килен, свештеник и работник во пилана, не беше осуден, бидејќи поротата не беше во можност да донесе едногласна одлука, бидејќи еден член тврдеше дека не може да го осудат свештеникот. Тој беше осуден на 21 јуни 2005 година за убиство, но сведоци тврдат дека тој бил организатор на Кланот во неколку области.

Во интервју за Асошиетед прес во 2014 година, Килен рече дека е сегрегационист и дека не верува во расна еднаквост, но нема ништо против црнците. За себе вечеше дека не е криминалец, туку политички затвореник.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари