ВОЛШЕБНА ВЕСТ

Лидерите на ЕУ се договорија

"Волшебна вест за Европа и Франција" е коментарот на францускиот претседател Никола Саркози откако лидерите на 27 земји-членки на Европската унија саботата во Брисел, во раните утрински часови, постигнаа договор за покренување преговори за нова спогодба за реформа на европските институции. Според германската канцеларка Ангела Меркел, единствено со новиот договор, Хрватска и останатите земји ќе може да станат членки на ЕУ, зашто договорот од Ница е дизајниран само за 27 земји-членки, пренесува МИА.

Лидерите на Европската унија постигнаа договор за детален мандат за нова спогодба откако успеаја да постигнат компромис со Полска за начинот на одлучување. "Имаме прецизен и детален мандат за меѓувладина конференција што ќе биде свикана наесен", рече Меркел.
Договорот, постигнат на третиот ден од Самитот во Брисел, потоа ќе биде ратификуван во парламентите на земјите-членки, пред изборот за Европски парламент во пролетта 2009 година. Со овој договор дефинитивно е закопан европскиот Устав кој не успеа да заживее бидејќи беше отфрлен на референдумите во Франција и Холандија. И Велика Британија беше голема пречка за постигнувањето на договорот, но нејзините барања беа задоволени со тоа што е изземена од одделни одредби од новиот договор. Тоа се однесува на Повелбата за темелни права и на прашањата од подрачјата на правосудството и внатрешните работи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари