Лавров: Тилерсон потврди дека целта на САД во Сирија е борбата против ИД

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска потврди дека борбата против терористичката група, таканаречената „Исламската држава", е единствената цел на Вашингтон во Сирија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

- Додека контактирав со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, го поставив ова прашање (за акциите на коалицијата предводена од САД во Сирија). Нашиот последен телефонски разговор се одржа на 9 октомври. Рекс Тилерсон уште еднаш ме убеди дека борбата против ИД е единствената цел на ова коалиција во Сирија, изјави на прес-конференцијата Лавров.

Поврзани

Најнови вести

Коментари