Лавров и Тилерсон разговарале за ситуацијата во Сирија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска разговарале телефонски за ситуацијата на северот од Сирија, соопштило руското министерство за надворешни работи.

Како што се наведува Лавров и Тилерсон разговарале „за состојбата во Сирија, вклучувајќи го и проблемот со стабилноста на северот од земјата и за промовирање на мировното решение под закрила на ОН што треба да биде постигнато на Конгресот за национален дијалог на Сирија, што ќе се одржи во Сочи“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари