Кој пукал врз рускиот вицепремиер Рогозин?!

Московската полиција трага по криминалец кој пукал кон станот на заменик-претседателот на Владата на Руската Федерација, Дмитриј Рогозин, соопшти Рен ТВ.

Инцидентот се случил минатата сабота, на 14 октомври, но засега не е познат сторителот.

Според податоците на оперативци непознатиот напаѓач пукал кон прозорците на станот на Рогозин во елитниот станбен комплекс "Блискаја вила" на ул. Староволинска. Куршумот го скршил стаклото, но за среќа, никој не е повреден.

Локалната управа на полицијата започнала истрага за инцидентот, кој првично е квалификуван како хулиганство.

Поради специјалниот статус на сопственикот на станот сепак истрагата се контролира директно од Министерството за внатрешни работи, кое засега не е објави официјална информација.

Поврзани

Најнови вести

Коментари